Основачот на женскиот манастир во Иванов во Русија, архимандридот Амвросие Јурасов вели дека луѓето кои плачат по смртта на некој близок, леат солзи кои му се непријатни на умрениот.
-Откако ќе ни умре некој близок, тажни сме особено кога сме сами. Ништо не мни поаѓа од рака. Што да сториме за да излеземе од таа состојба? За човекот кој верува во Бога, нема тага. Тој не може да биде сам. Тој нема време за тага. Треба да ги прочита Евангелието, Псалтирот и каноните. Тој има многу работа. Но, кога човек не прави ништо и не се моли, му приоѓа демонот на тагата и почнува да ја распрснува во него таа страст, вели Јурасов.
Тој вели дека треба да се оди во црква и да се исповеда, дека треба да се моли за себе и за мртвиот, но и за сите други живи роднини. На мртвите не им се пријатни нашите солзи, заклучува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.