Нема ништо потрогателно од жена која плаче.
Кога ќе видите некоја дама како плаче, особено ако сте маж, веднаш чувствувате емпатија кон таа жена, а вашето срце е како прободено со нож. Буквално чувствувате физичка болка и подготвени сте да го пронајдете и казните виновникот кој ги предизвикал женските солзи.
Жените, сепак, се повеќе почнуваат да ги злоупотребуваат овие машки емоции, почнувајќи да ги користат своите солзи за манипулативна цел. Исто како што прават малите деца кога плачат по некоја кукла која ја има детето на соседите.
Или кога ќе почнат да врескаат во продавница, бидејќи нивните родители одбиле да му купат некоја играчка. Потоа овие мали деца почнуваат да плачат. Многу да плачат. Тоа го прават намерно пред други луѓе, за да ги стават своите родители во непријатна ситуација, надевајќи се дека тоа ќе биде доволно за да го свртат развојот на настаните во своја полза. И обично овие мали ѓаволи успеваат да ги постигнат своите цели.
Некои жени се однесуваат исто како малите деца – плачат, бидејќи сакаат некој да им купи облека, шминки, телефони и воопшто, тоа го прават за сите подароци.
Меѓутоа, за разлика од децата, жените не плачат толку силно и јавно. Нивната моќ е во т.н. блиска борба. Гледаат милно со насолзените очи, прават наивни детски физиономии, трепкаат со своите мечтателни очи и бараат физичка блискост во форма на прегратки и бакнежи, кои пак водат кон уште поинтимни и сексуални искуства.
Тоа е совршена шема за освојување на еден маж. Тој ќе биде мотивиран и ќе сака повеќе од се’ да ги задоволи женските каприци.
Мажот ќе биде подготвен да ја задоволи оваа невина и нежна душа на страдалната жената. Дури и ако не може, ќе се земе кредит, ќе го заложи својот стан, ќе продаде дури и орган од своето тело, само за да ја задоволи оваа жена.
Никој не треба да прави илузии дека заслужува нешто, само затоа што плачел за нештото. Сепак, фактите зборуваат поинаку – жените често ги постигнуваат своите барања со помош на ова подмолно оружје – плачењето.
Време е да завршат таквите манипулации.
Должност на секој човек е да го заработи она што сака да го добие. Да не се остваруваат своите цели со помош на лажливи солзи.
На овој начин може да се живее секогаш, како што многумина прават. Но, дали вреди таквиот живот? Зар не е подобро да го вложите вашето знаење и вештини за остварување на сопствените желби? Зарем тоа не е значењето на нашето постоење?
И конечно: Како сакате да ги едуцирате вашите деца – да го постигнат својот успех со труд или со помош на манипулативни солзи? Дајте им личен пример, наместо да им објаснувате детално.
извор: nmd.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.