На Економскиот факултет во Кочани, кој работи во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, од денеска до 19 август трае уписниот рок за студенти во прва година за академската 2016/2017 година.
– На нашиот факултет во Кочани во овој прв уписен рок е планирано да се запишат 80 студенти, од кои 60 во редовната квота за студии, а 20 вонредни студенти. На Економскиот факултет во Кочани ќе се реализираат студиите од сметководство, финансии и ревизија – изјави професор д-р Оливера Горгиева- Трајковска.
Таа посочи дека интересот за упис на идните студенти е во рамки на очекувањето бидејќи, како што рече, останатите насоки од Економскиот факултет ќе се реализираат во Штип.
Уписот на идните студенти на Економскиот факултет во Кочани ќе значи и намалување на трошоците за студирање надвор од местото на живеење. Се очекува запишување на студенти и од соседните градови од источна Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.