Две жени на возраст од 19 и 20 години со хрватски пасоши се уапсени поради ограбувања во јужните шпански градови Мурсија и Картагена, а уште три лица се обвинети како нивни помагачи, соопшти во неделата шпанската полиција, пишува Макфакс. Шпанската полиција и оваа и минатата година уапсила повеќе вакви банди.
Жена која се враќала дома ја нашла подотворена влезната врата, а кога влегла ги виделе двете жени и повикала полиција, рекол полициски извор за шпанската новинска агенција EFЕ. Нивниот идентитет не е откриен.
Последните години во Шпанија се зачестени грабежите на Ромки со хрватски пасоши, кои нивните машки помагачи ги превезуваат до местата каде следат кога станарите не се во своите домови, и ги обиваат бравите, потсетува хрватската агенција „ХИНА“. Пленот потоа се носи во возило коешто ги чека пред ограбената куќа. Најчесто се крадат пари, накит и скапи парфеми, но и друг вредни предмети кои можат да се соберат набрзина.
Од влегувањето на Хрватска во Европската унија во 2013 година, хрватските пасоши овозможуваат слободно патување и престој во 28-те земји членки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето