| четврток, 6 декември 2018 |

Рафаел Надал е првиот тенисер што ги обедини сите титули во тенис!

Шпанскиот тенисер и поранешен рекет број 1 во светот, Рафаел Надал го освои златниот медал во двојки за Шпанија на Олимписките игри во Рио.

Тој заедно со неговиот партнер Марк Лопез славеше синоќа во финалето во Рио со 2-1 (6:2, 3:6, 6:4) во сетови над романската двојка Флорин Мергеа-Хорија меч кој траеше повеќе од 2,5 часа.

Ова е втор олимписки трофеј за Надал, откако тој освои злато во сингл во Пекинг во 2008 година. По ова следуваше пропуштањето на Лондон 2012 поради повреда, кога требаше да го носи шпанското знаме.

– Беше неверојатно, посебно бидејќи го направив ова со еден од моите најдобри пријатели. Никогаш нема да го заборавиме финалето. Да се освои злато по дваипол месеци без тренинг, без подготовка е совршено. Се забавувавме – вели Надал.

Надал е првиот тенисер во историјата кој успеал да победи на сите седум најважни турнири во овој спорт. Тој ги освоено сите четири грен-слем турнири, Дејвис купот со Шпанската репрезентација, златниот олимписки медал во поединечна конкуренција на ОИ во Пекинг 2008, а во Рио го комплетираше и златото од двојки.

Бронзата отиде кај Американците Стив Џонсон и Џек Сок, кои со 6:2/6:4 ги победија Канаѓаните Даниел Нестор и Васек Поспишил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top