Во Македонија се трошат околу 550 илјади хектолитри пиво годишно, или 27 литри по глава на жител, што е помалку во споредба со другите земји од регионот – вели генералниот директор на Пивара Скопје Јаак Микел за хрватски Бизнис плус. Во Словенија и во Хрватска конзумирањето на пиво по глава на жител е 80 литри годишно.
– Сегментот на пиво во Македонија сега е стабилен, но се уште се троши значително помалку отколку во 2008 година пред кризата и промената на домашното законодавство во делот на продажба на алкохолни пијалоци – вели Микел.
Според него, главниот потенцијал за раст е во зголемување на потрошувачката на пиво по жител и поголема атрактивност на целиот сегмент на широката база на потрошувачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.