63 годишниот Миле Давитков имал пукнат череп и починал на лице место. Ова се првичните резултати од обдукцијата направена во Штип врз телото на човекот кој на 1-ви мај го управувал тракторот полн со деца. Сите материјали кои се земени во штипската болница се испратени на дополнителни испитувања во Институтот за Судска медицина во Скопје – јави Сител.
На институтот треба да се дознаат точните причини за големата сообраќајна несреќа кај кочанско Оризари. Ќе бидат направени прецизни токсиколошки и хистолошки анализи за да се расчистат шпекулациите дали возачот на тракторот кој ги превезувал децата бил пијан или имал здравствени проблеми поради што изгубил контрола врз возилото.
Првичните информации од полициското вештачење покажаа дека тракторот се движел во трета брзина. Сите наоди и од Судска и од МВР треба да бидат доставени до Истражен судија.
Во меѓувреме најголем дел од повредените полека се опоравуваат. Едно од двете деца кои беа примени во градската хируршка болница св. Наум Охридски е пуштено на домашно лекување. Се подобрува здравствената состојба и на второто дете кое во Градска беше примено со потешки повреди. Другите 8 деца кои се на лекување во Скопските клиники се чувствуваат подобро. Единствено нема промени во соостојбата на најтешко повреденото 14 годишно девојче кое уште е во кома и дише со помош на апарати на КАРИЛ. Има сериозни повреди на главата и градниот кош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!


