Постојат диети и начини на исхрана смислени за на нашето здравје да влијаат потрајно и на поинаков начин.
Докажано е дека драстичното намалување на калории и внесот на храна во организмот на одреден начин пет дена во месецот всушност го забавува стареењето и го намалува ризикот од рак, срцеви болести, дијабетес, го зајакнува имунолошкиот систем и ги подобрува когнитивните способности.
Наречена е „диета која имитира пост“ и експертите тврдат дека го менува телото на личноста која ја практикува.
Правила
Петер Боувс, кој учествувал во студијата спроведена за докажување на користа од оваа диета појаснува дека овој начин на исхрана, наместо диета, потребно е да се набљудува како „инвестиција во иднината“. Со ваквиот начин на исхрана се губат вишокот килограми, но тоа е само пропратен ефект, велат експертите.
Диетата всушност е многу едноставна за спроведување. Пет дена по ред, секој месец, личноста треба драстично да го намали внесот на калории, односно две третини од просечниот дневен внес. Првиот ден се конзумираат 1.090 калории (10 посто протеини, 56 посто масти, 34 посто јаглехидрати), а од вториот до петтиот ден се конзумираат 725 калории (9 посто протеини, 44 посто масти, 47 посто јаглехидрати).
Важно е да се напомене дека најголемиот дел од јаглехидратите треба да доаѓа од зеленчук.
Останатите 25 дена учесниците во истражувањето јаделе нормално, како и обично.
Истражувањето траело три месеци, а Волтер Лонго, професор по геронтологија и биологија на USC Институтот за долговечност, смета дека придобивките од ваквиот режим може да се постигнат ако оваа програма се следи три или четири пати годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.