| четврток, 6 декември 2018 |

Медиумските пропагандисти на Заев организирано ја лажат јавноста: споменикот на Аголи е поставен пред повеќе од еден месец

Медиумските пропагандисти на СДСМ повторно, по кој знае кој пат, се фатени како безобразно ја лажат јавноста. Речиси сите медиуми што се контролирани и синхронизирани од Зоран Заев во изминатите два дена, како по договор, објавија информација дека на плоштадот „Македонија“ бил поставен споменик на Неџат Аголи во екот на поплавите.

Опозициската телевизија „24 Вести“ спроведувајќи ја медиумската пропаганда на СДСМ објави прилог дека токму сега, баш во поплавите, е поставен споменикот на Неџат Аголи. Оваа информација е комплетно невистинита, но телевизијата очигледно нема намера да ја повлече веста и да се извини што ја лаже јавноста.

  • Додека стотици граѓани се дават во кал и се без храна, вода и облека, во центарот на градот се издигна споменикот на Неџат Аголи. Споменикот е забележан вчеравечер и е поставен пред зградата на Телеком близу до споменикот на Методија Шаторов – Шарло, објави телевизија.

24-nevesti-640x511

Дека ваквите информации се целосна лага, односно дека споменикот е поставен пред повеќе од еден месец, поточно на 25 јуни, покажува и видеоприлогот на ТВ 21.

-Во центарот на Скопје, во близина на зградата „Телеком“ синоќа на полноќ беше поставен споменикот на албанскиот деец Неџат Аголи, кој е еден од тројцата албански дејци, чијшто споменик требаше да биде поставен во рамки на проектот „Скопје 2014“.  Министерката за локална самоуправа Ширет Елези, рече дека институциите, како Град Скопје и општина Центар, соработувале за да се финализира поставувањето на споменикот, објави тогаш телевиизјата.

juni-agoli640-640x823

Општина Центар, пак, сега ја манипулира јавноста со тврдењата дека поставувањето на споменикот не било во нејзина надлежност, туку на леарницата, занемарувајќи го фактот дека лераницата има договор за тоа со Општина Центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top