Едно од најголемите изненадувања на ЛОИ во Рио сигурно е женската ракометна репрезентација на Ангола, која досега по два одиграни натпревари има исто толку победи.
Во првото коло африканскиот шампион беше поуспешен од Романија, а синоќа ја совлада селекцијата на Црна Гора, а најзаслужен за овој голем успех е нивниот голман, Тереса Алмеида, која има неверојатни 100 килограми, а висока е само 170 сантиметри. Таа по вчерашната победа изјави дека воопшто не ѝ пречи што е дебела и дека го живее својот живот од соништата.
– Горда сум што сум дебела. Јас на овие Игри на еден начин сум „знаменосец“ на сите дебели луѓе на светот. Успеав во сите мои намери и го живеам животот од соништата – изјави Алмеида.
Во следното коло, денес селекцијата на Ангола ќе се сретне со Норвешка, натпревар кој е закажан за 21.40 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.