| четврток, 6 декември 2018 |

Ангелов опериран, го чека рехабилитација од два месеци

Голманот на Метлург и на македонската репрезентација, Петар Ангелов е успешно опериран во Загреб, а сега го очекува рехабилитација од два месеци. Популарниот Диви имаше проблеми со менискусот, а и покрај повредата стисна заби и настапи за македонскиот првак во реваншот против Кјелце, во Лигата на шампионите. Тој веќе се врати во Скопје, по оперативниот зафат во Загреб и изјави дека се чувствува добро и очекува брзо закрепнување и враќање на голот на Металург на почетокот на следната сезона.

– Ме очекува рехабилитација од два месеци, а добро е што не чуствувам никакви последици по оперативниот зафат во Загреб. Се чувствувам одлично и се надевам дека наскоро ќе бидам подготвен за настапи – вели Ангелов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top