| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ на терен испраќа провокатори и подгрева конфликти- ова е платеникот на СОРОС кој испровоцира инцидент глумејќи жртва

levica-goce640

Опозицискиот лидер Зоран Заев на терен испраќа провокатори и подгрева конфликти, а пред камера глуми загриженост. Локалното население погодено од трагедијата денеска покажа дека валканите политички игри на СДСМ не им се потребни и дека Зоран Заев треба да си ги задржи за себе. Тие попладнево на провокаторите испратени од СДСМ им демонстрираа дека не им е местото таму, односно дека е крајно нечовечен обидот на Заев политички да поентира на сметка на нивната трагедија.

bg-tv-nova-640x352

Додека месното население во Ченто се справува со последиците од невиденото невреме, партиските јуришници на Заев се обидуваат пред камерите да испровоцираат инциденти со разни дофрлувања и навреди. Лицето дојдено од сосем друг крај на земјава наместо да се обиде да им помагне на мештаните во континуитет провоцираше и навредуваше додека претставници на државните институции утврдуваа каде и како најприоритетно треба да се помогне.

goce-n640-640x351

Дрскоста на извршителите на наредбите на Заев беше толкава што, локалното население мораше и јавно да се конфронтира и да ги избрка провокаторите на Заев. Дека станува збор за организирана провокација од страна на Зоран Заев и СДСМ јасно говори фактот дека станува збор за Гоце Маркоски, човек присутен на сите протести на таканаречената платеничка револуција организирана од СДСМ/Сорос, член на Левица.

kum-lev-640x347

Сите медиуми  под контрола на СДСМ/Сорос оркестрирано почнаа да шират невистини дека станува збор за лице од обезбедувањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кое наводно нападнало некој од локалното население.

areni-240x136

Истовремено, опозиицските мегафони целосно ја прикриваат вистината дека станува збор за провокатор на СДСМ/Сорос од Прилеп испратен да предизвикува проблеми, додека лицето кое му се спротистави е дел од локалната самоуправа кое секојдневно помага во справувањето со катастрофите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top