| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на „Аквариум“ – роман што ги комбинира натурализмот, иронијата и црниот хумор

В среда, на 10 август, во кафе бар „Ла Кања“ во 21 часот ќе се одржи промоција на романот „Аквариум“ со гостување на познатата унгарска авторка Кристина Тот, информира издавачот „Или-или“.
Промотор е  Ѓоко Здравески, поет и книжевен критичар. Преводот од унгарски е на Златко Панзов и на Анамарија Цинеге Панзова.
Објавувањето на романот како и гостувањето на авторката е во рамки на програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.

Кристина Тот е родена во 1967 година во Будимпешта. Студирала унгарска книжевност. Поминала две години на стипендија во Париз. Од 1994 до 1998 година работела во Францускиот институт во Будимпешта. Има добиено неколку книжевни награди, а нејзината поезија и проза се преведени на повеќе јазици. Живеее во Будимпешта и освен со пишување и преведување од француски јазик, дизајнира и витражи.
Позначајни нејзини дела се: „Есенското палто се бранува“ (1989, поезија), „Нишката на разговорот“ (1994, поезија), „Лондонските мечиња“ (2003, песни за деца), „Баркод“ (2006, кратки раскази), „Висока топка“ (2009, поезија), „Пиксел“ (2011, роман), „Аквариум“ (2013, роман), „Светски адаптер“ (2016, поезија)Во овој роман сите се сираци. Девојчето посвоено кон крајот на четириесеттите (Ромче посвоено од Евреи што го преживеале Холокаустот), нејзините воспитувачи, родителите, нејзиното дете и сопругот, сите роднини и познајници: сите без исклучок недостатокот на љубов го сметаат за единствена прифатлива состојба што можат да ја доживеат. Луѓето си го живеат својот живот во една трошна галерија на една зграда со излупени ѕидови и мириси на варила, тука се борат за живот, на дофат на бедата и оддалечени светлосни години од животот што го замислуваат како нормален. Сепак, задушените емоции понекогаш избиваат и на тие точки се менува нивниот живот. Тој потиштувачки, тесен, но истовремено и проѕирен свет го преставува аквариумот.
Кристина Тот има одлично чувство за пропорции, ги комбинира натурализмот, иронијата и црниот хумор, прочистувајќи нè преку „катарзата на секојдневието“, соочувајќи нè со периодот на нашиот живот кој многу тешко го прифаќаме и којшто толку длабоко навлегува во нашата колективна потсвест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top