Обединетата македонска дијаспора (ОМД) изразува сочувство до семејствата засегнати од катастрофалната поплава што го зафати Скопје и околината, а беше предизвикана од пороен дожд вечерта на 7 август 2016 година. ОМД иницира акција меѓу иселениците за собирање средства за помош на настраданите. Средства можат да се донираат преку веб-страницата што ја објави ОМД.
ОМД ги охрабрува граѓаните на Република Македонија да останат солидарни имајќи предвид дека се можни нови поплави. Ги повикувме и надлежните да спроведат темелна истрага со цел утврдување одговорност за нефункционалните одводни канали кои ги зголемија штетите од поплавите, се вели во соопштението од ОМД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Дијаспората му порача на Заев: Треба да дадете неотповиклива оставка!
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Кошаркарот Марк Гасол во тим за спасување мигранти