Шпанската кошаркарска ѕвезда и еден од најдобрите европејци во НБА лигата, Марк Гасол, летово се приклучи кон организацијата „НГО Проактива опен армс“, која се обидува да им го олесни тешкиот пат на мигрантите од африканските земји додека се обидуваат да дојдат до европско тло.
Гасол е дел од еден од тимовите на организацијата, кои патролираат со бродови низ Медитеранот и се обидуваат да им помогнат на мигрантите.
Кошаркарот вчера учествувал во спасувањето на жена од Камерун која во полусвесна состојба била пронајдена во морето.
-Лутина, бес и немоќ. Неверојатно е како толку многу беспомошни луѓе се оставени сами на себе до смрт среде море, напиша Гасол на социјалните мрежи.
Камерунката го преживеала потонувањето на бродот, но со неа биле уште една жена и мало дете.
Неколку часа порано спасувачките екипи пронашле тројца мигранти кои 48 часа поминале во вода на отворено море.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)