Расказот „Т.чка на агонија“ под шифра „Аура“ е годинашен добитник на престижната награда „Живко Чинго“, одлучи тричлената комисија во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател и Мирко Томовски и Смиле Наумоски, членови.
По претходно распишаниот конкурс од страна на градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, а по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, за наградата аплицирале 90 раскази.
Комисијата констатирала дека повеќето од пристигнатите раскази имале високи уметнички вредности, што укажува на подемот на македонскиот расказ во актуелниов миг поттикнат од овој конкурс.
Расказот „Т.чка на агонија“ се издвоил од другите раскази со својата беспрекорна композиција и со специфичниот уметнички израз.
Наградата за најдобар расказ изнесува 30.000 денари и ќе биде врачена на 13 август на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.