| четврток, 6 декември 2018 |

Кочани и околните населени места без вода за пиење

Градот Кочани и уште неколку населени места од општината кои се приклучени на градскиот водоснабдителен систем од 2 часот по полноќ се без вода за пиење.

– До дефект во водоснабдителниот систем на Кочани дојде поради удар од гром во пумпната станица кај Грдовски Орман од каде водата се препумпува до филтер станицата, а од таму по гравитациски пат до крајните потрошувачи, информираат од Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани.

Невремето проследено со грмежи и електрични празнења во Кочанско беше забелжано синоќа, до два часот по полноќ.

Екипи на ЕВН работат на терен и се очекува дефектот да биде отстранет, а Кочани и населените места од општината, приклучени на градскиот водоснабдителен систем во текот на попладневните часови да добијат вода за пиење.

Голем број кочанчани од изутринава вода за пиење полнат од единствената пумпа кај бавчалукот, која е хемиски и бактериолошки исправна за пиење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top