| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија ја запиша првата победа, актуелниот шампион Франција лесно против Тунис

slovenija

Веселин Вујовиќ и неговите момци во драматична завршница го добија Египет со минимални 27:26. Репрезентацијата на Франција го совлада Тунис со 25:23.

Словенија и Египет одиграа драматичен натпревар, кој на крајот заврши во корист на Веселин Вујовиќ и неговите избраници. Победникот беше решен на 13 секунди до крајот кога младиот Јанц погоди за голема радост на Словенија 27-26 (15-15).

Токму Јанц со осум погодоци беше најефикасен во редовите на словенечката репрезентација, на другата страна Ел Ахмар имаше седум гола.

На втората средба одиграна синоќа, Франција го совлада Тунис со 25-23. Победникот воопшто не беше доведен во прашање бидејќи Франција на полувремето имаше пет голови предност (16-11), а во текот на мечот стигна и до седум позитива.

nacevski - nikolovski

Во интересен натпревар кој го судеше македонската двојка Начевски – Николов, Бразил славеше со 34-32 над Полска. Иако резултатот не го покажува тоа, Бразил беше доминантен во текот на целиот меч и не дозволи избраниците на Талант Дујшебаев да се приближат и да се обидат да го украдат триумфот.

brazil

Многу интересно беше на дуелот меѓу Германија и Шведска, на кој актуелните европски шампиони славеа со 32-29. Натпреварот изобилуваше со одлични акции на двете страни, а како клучна се покажа германската одбрана во последните десетина минути, од која произлегоа лесни голови од контранапад со што „панцерите“ стигнаа до голема победа.

Данска со добра игра во второто полувреме го скрши отпорот на Аргентина и триумфираше со 25-19. Аргентина одлично го почна мечот и поведе со 5-2, првото полувреме заврши 10-10, за во вторите 30 минути Данците целосно да ја преземат контролата, набрзина да поведат со 15-10 и заслужено да стигнат до цел плен. Сван и Хансен беа најзаслужни за овој триумф со по шест погодоци, додека кај Аргентина најдобар стрелец беше Пабло Симоне со седум гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top