Никој не очекуваше дека резултатите во рамките на мерките за градење доверба меѓу Грција и Македонија ќе одат над сите очекувања и ќе се изградат темели на доверба меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји.
Ова за грчката државна новинска агенција АНА-МПА го изјавил висок извор од грчкото МНР.
Според истиот извор, двостраното изненадување е многу пријатно и една година од почетокот на Мерките за градење доверба, постои големо задоволство по долгиот период на молк. За една година, двете страни биле многу продуктивни и одржале успешни средби на повеќе нивоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.