По заминувањето од Андора, Војдан стана слободен агент а тоа го искористи Севилја, која со новиот репрезентативен капитен потпиша договор со времетраење од една сезона.
Одличните настапи во дресот на Андора во изминатата сезона беа доволна препорака за Стојановски да добие неколку интересни понуди на својата адреса, за на крајот Македонецот да ја избере онаа на Севилја.
Новиот клуб на капитенот на нашата репрезентација утрово го официјализираше трансферот преку својата веб-страница, потенцирајќи дека станува збор за искусен и квалитетен кошаркар, кој во периодот во кој настапуваше за Андора во просек бележеше по 12,1 поен, 2,5 скокови и 2 асистенции по натпревар.
Во моментов Војдан кој е капитен на македонскиот национален состав се наоѓа во Бугарија каде ги игра подготвителните натпревари за квалификациите за ЕП во 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето