| четврток, 6 декември 2018 |

Итар Пејо од Прилеп ги одрал австралиските осигурителни компании

vrhoven sud avstralija

Драган Дивјакоски од Прилеп веќе неколку години живее и работи во Австралија. Живее и убаво и богато затоа што донеодамна лесно ги убедувал австралиските осигурителни компании за разни повреди на работното место за што добивал и убави отштети во австралиски долари, објави порталот МКД.

Но, при последниот таков обид, инспекторите на осигурителната компанија се посомневале и ги откриле сите негови измами.

Последното негово работно место било во компанија за производство на цевки „Борал“. Драган и тука пријавил дека се лизнал на работното место, се повредил и побарал отштета. Веднаш по пријавата, осигурителните инспектори го провериле целото негово „осигурително“ досие и нашле дека Драги, всушност, е еден голем лажго. Нивната пријава завршила на Врховниот суд на Западна Австралија, кој на крајот само ги потврдил наодите на осигурителната компанија.

Дивјакоски дошол во Австралија во 1988 година, купил куќа (под хипотека) и се вработил како работник-чистач во Перт. Во 1994 година Драган почнува сопствен бизнис, компанија за чистење, „но поради непознавање на јазикот бизнисот не тргнал добро“, изјавил Дивјакоски пред судот. Потоа се вработил во водоводно претпријатие, каде што за една година (1995)на двапати се повредил – еднаш грбот и еднаш коленото. Се лизнал. Драган покренал постапка и во 1998 година добива отштета од 190 илјади австралиски долари кои добро му дошле за отплаќање на хипотеката за куќата.

Дивјакоски продолжува со барањето отштета за трајна неспособност за работа и во 1999 година добива додатни 42.947 австралиски долари и официјално станува неспособен за работа.

Потоа (1999 година) на кратко се враќа во Македонија и како трајно онеспособен за работа бара доживотна пензија од тамошниот фонд за пензиско (Centrelink). Но, оттаму го одбиваат.

Драган потоа се пријавува дека здравјето му е значително подобрено и дека би можел нешто и да почне пак да работи, нешто лесно, а претходно добил отштета за доживотно неспособен.

Дивјакоски се вработува во „Борал“ и на 2 март 2000 година се повредува. Пак се лизнал. Овојпат го повредил рамото. Девет години се лечел и цело време водел постапка за отштета.

Предметот стигнал и до Врховниот суд на Западна Австралија, а сите овие податоци се извадоци од пресудата против Дивјакоски. Судијата во записникот навел дека Дивјакоски е голем лажго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top