| четврток, 6 декември 2018 |

Питачот без нозе разоткриен пред камери (ВИДЕО)

 

Питачи без раце, нозе, неми, глувонеми има и на нашите и на светските улици. И сите барем еднаш сме биле сведоци дека некој од нив е измамник. Оној кој оди со патерици трча по автобус, или оној кој е глувонем зборува на телефон. Еден таков е разоткриен во Кина, а видеото од акцијата е објавено на Јутјуб, како предупредување на сите кои ја добрината на оние кои даваат и маката на оние кои навистина се болни или имаат некаков инвалидитет.

Питачот-инвалид му приоѓа на човек, нешто зборуваат, а бесен минувач успева да му ги слече панталоните и да го разоткрие каков шарлатан. Измамникот понижено бега од местото, користејќи ги само рацете и својот импровизиран скејтборд.

Снимката има илјадници прегледи.

„Измамник, срамота. Се надевам дека никогаш нема да живее живот на човек без нозе“, пишува во еден од коментарите на Јутјуб.

Во почетокот на годината шефот на њујоршката полиција изјави дека лажни просјаци заработуваат милиони питајќи.

Според некои извори во Велика Британија просјаците заработуваат по 40.000 фунти годишно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top