| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК: Досега се пријавиле 2.137 граѓани од листата на спорни гласачи

dik-prijava (1)Заклучно со денеска, 5.8.2016 година, до 12.00 часот, до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно 2.137 граѓани, чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

Од нив, 817 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 1.320 за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на ДИК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top