Комисија за следење евентуални противправности сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот извести дека континуирано ги следи сите случувања поврзани со гласањето.
Од Јавното обвинителство на Република Македонија велат дека објавувањето на фотографии на гласачи е противправно дејствие кое го нарушува процесот на гласање и претставува попречување на правото на гласање.
Од Обвинителството додаваат дека Комисијата продолжува перманентно да го следи процесот на гласање, за што се воспоставени и дополнителни дежурства во јавните обвинителства. За евентуално извршени кривични дела и поведени постапки против сторителите јавноста ќе биде информирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.