| четврток, 6 декември 2018 |

Теории на заговор! Која е вистината за познатите личности?

Во Холивуд се вртат многу приказни како за филмските, така и за пејачките ѕвезди. Еве некои од теориите на заговор за славните личности кои со години важат за најинтересни.

Том Круз

том круз

На сите ни е познато дека Том Круз припаѓа на скиентолошката вера, но веќе долго време се вртат гласини дека нему оваа црква му избирала жена и дека, всушност, Кејти Холмс така станала негова сопруга, но во најтесен избор тогаш не била Кејти, туку глумицата Скарлет Јохансон.

Бритни Спирс

 

Бритни Спирс

Сите знаеме за нејзиниот нервен слом низ кој помина кога си ја избричи главата и исчезна од јавниот живот. Теоретичарите тврдат дека тоа го исценирала владата, а сето тоа било за да се сврти вниманитето од грешките на Буш во надворешната политика.

Курт Кобејн

курт

Иконата не извршил самоубиство, барем така тврдат некои. Наводно иако оставил проштално писмо, на пиштолот никогаш не биле најдени неговите отпечатоци, а нивото на хероин во неговото тело било толку високо што воопшто не ни можел да функционира, а не па да се самоубие.

Меган Фокс

меган

Познатата глумица воопшто не е тоа што е.  На обичниот човек тоа му звучи како лудост, но оние што слушнале за теоријата двојник ќе знаат за што станува збор. Ѕвездите на кои со текот на времето им се има сменето многу ликот им се доделува двојник. Според теориите на заговор, глумицата е заменета со двојничка од редовите на Илуминатите, а се смета дека ова ѝ е веќе втора двојничка.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top