По петмина добитници на Милионер Џек Пот добивките, конечно ја имаме и правата дама. Најновиот добитник на Милионер Џек Пот е Марија П. од Гевгелија, информираат од Државната лотарија.
Таа во Астра Електроник во Гевгелија го слушна звучниот сигнал кој означува Милионер Џек Пот добивка. Марија на 27.07.2016 забавувајќи се на видеолотариските терминали на ДВЛМ, освои добивка вредна 1.246.641,00 денари.
-Во присуство на претставници на медиумите, првиот човек на Државна Видеолотарија и НОВО ЛОТО водителката Марјана Станојковска во Арт Картинг центарот, го доделија Милионер Џек Пот чекот кој гласи на истиот износ како и добивката 1. 246.641,00 денари. На средбата присуствуваа и младите хемичари кои ДВЛМ ги поддржа да учествуваат на олимписките натпреварувања во Тбилиси. Добивките ЏЕК ПОТ, Државна видеолотарија на РМ ги стартуваше на 01 јуни. Марија е шестиот среќен добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.500.000,00 денари, информираат од Лотарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Рече Да: Марија Шерифовиќ во бела венчаница ги изненади сите
-
ДЗСИ ги проверува картоните кај матичниот лекар и гинеколог на родилката од Гевгелија која почина на КАРИЛ
-
Tрагедија во Гевгелијa: Во сообраќајка загина 27-годишно момче, лекарите се борат за животот на сопатникот
-
Марија 35 години носи црнина и трага по вистината: „Тој запали свеќа и рече овде не е закопан твојот син“