| четврток, 6 декември 2018 |

Марија 35 години носи црнина и трага по вистината: „Тој запали свеќа и рече овде не е закопан твојот син“

Смртта на Мирослав Кошпирдола, 13-годишен ученик кој бил еден од најдобрите во Кикинда, кој исчезнал без трага во 1983. година, додека бил на екскурзија, и понатаму е мистерија.

На мајката Марија која и ден денес е во црно и понатаму не и излегува од глава она што го кажал еден човек кога палела свеќа. Непознат маж кој запалил свеќа и рекол “Вашиот син не е во сандак”.

Кога кобниот ден на екскурзија испливало тело од река, наставничката потврдила дека е тоа Мирослав, иако не можела да го познае по главата.

Мајката за српскиот „Ало“ вели дека еден месец по смртта, додека нејзината сестра била да пали свеќа и пришол мистериозниот маж кој тврдел дека детето не е мртво, и дека непознат маж лежи во ковчегот.

Таа сака само да знае што се случило тој ден. Вели дека за медиумите било објавено дека е направена обдукција на телото, но дека дописот не стигнал до нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top