| четврток, 6 декември 2018 |

ХЕЦ „Шпилје“ работи со полна пареа

Од почетокот на годинава до денес во ХЕЦ „Шпилје“ кај Дебар, произведени се 118 милиони киловат часови електрична енергија, што претставува 47 отсто од годишниот план на производство

hec spilje

– Од почетокот на февруари електричната централа работи со максимален капацитет. Дневното производство изнесува два милиони киловат-часови. Тоа како резултат на исклучително поволната хидрологија и подготвеноста на електормашинската опрема да ја прими и преработи целата количина вода која доаѓа – велат надлежните.

Според нив, моментално средниот дотек од Радика и на Црн Дрим изнесува 170 метри кубни вода во секунда. Во акумулацијата има солидна резерва на вода, за производство на 39 милиони киловат-часови. Оценуваат дека исклучително поволната хидрологија и со сега остварените производни резултати се гаранција не само за предверемена реализација на годишниот план од 252 милиони квч, туку и натфрлување на истиот.

Прелевањето преку преливната шахта, што почна пред дваесетина дена, продолжува, со околу седум  кубни метри вода во секунда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top