| четврток, 6 декември 2018 |

Погреб место полнолетство – сакал да го прослави 18 роденден во Србија, па трагично настрадал

srbija

Никола Ѓурѓевиќ (18) кој завчера загина во судир кај Косјериќ заедно со својот братучед Саша Ѓукиќ (30) дошол од Герменија за во Србија да го прослави полнолетството.

Настраданите се инаку германски државјани и во Србија дошле пред три дена, како Ѓурѓевиќ би го прославил 18 роденден на 14 август.

Никола и Саша дошле порано како се би организирале на време, а нивните родители требало да дојдат во очи роденденот.

Дошле кај бабата и дедотот во Крагуевац, чиј автомобил го зеле кобната вечер и се одвезле во Шабац. Животот го изгубија во судирот кога „опел астрата“ во која се наоѓале, во кривина директно се судрила со „мерцедес“ со ужички таблици.

Според неофицијалните сознанија, судирот го предизвикал пијаниот возач на мерцедесот, кога изгубил контрола врз возилото и поминал во левата лента каде директно се судрил со опелот.

srbija2

Во судирот се повредени уште четворица, меѓу кои и сопругата на Ѓукиќ, Рената(25), која инаку е трудна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top