Игор Којиќ вчера го прослави 29-тиот роденден, а неговата сопруга Северина му подготви изненадување.
Таа му се оддолжи на ист начин како што тој направи за неа за 44-от роденден во Белград. Пејачката ги собра блиските колеги и соработници во ресторанот на колегата Петар Грашо во Сплит.
На прославата присуствуваа Жељко Јоксимовиќ, Харис Џиновиќ и Горан Каран. Околу полноќ, Игор доби торта на два ката, а брачниот пар заедно ја сечеше.
Игор убаво се вклопи во родниот Сплит на Северина, а за тоа сведочи и симпатичниот прекар кој го доби од локалците. На далматински, соседите на Севе Игор го нарекуваат- Киба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!
-
Јас едноставно се навикнав: Порно фотографиите на Северина ја шокираа нацијата, а Кеба реагираше вака!