| четврток, 6 декември 2018 |

Пицерија во Неапол ќе чести за првата повреда на Игуаин

Навивачите на Наполи уште не можат да се помират со фактот дека Гонзало Игуаин го замени нивниот тим со Јувентус. Многу фанатични фанови ги искористија социјалните мрежи за да го изнесат целиот бес од предавството на Аргентинецот.

Италијанската новинарка Мина Розуки објави на „Твитер“ дека пицеријата во Наполи „Шоу пица“ направи промоција на денот кога Игуаин ќе ја доживее првата повреда во новиот клуб. На тој ден пицеријата ќе продава „маргарити“ за само едно евро.

На тој начин навивачите би можеле да ја прослават повредата на предавникот, кој минатата сезона беше најдобар фудбалер и стрелец на екипата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top