| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ без проблеми го освои „Роџерс куп“ во Торонто

novak djokovic

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на Мастерс турнирот во Торонто. Тој го освои трофејот на „Роџерс куп“, совладувајќи го во финалето Јапонецот Кеи Нишикори со 2-0 во сетови. Ова е јубилејна 30.титула за Ѓоковиќ на Мастерс – турнирите.

Србинот доминираше во текот на целиот меч, иако Нишикори даде силен отпор, посебно во вториот сет.

Ѓоковиќ од самиот старт наметна темпо со силни и прецизни сервиси, а успеа да одземе ’брејк“ навреме и да го комплетира првиот сет со 6-3.

Најдобриот светски рекет поведе со 3-1 во гемови и во вториот сет, но Нишикори успеа да се врати и да израмни на 3-3. Сепак, потклекна на свој сервис во 11.гем, Ѓоковиќ поведе со 6-5, а потоа и го освои својот сервис, за конечни 7-5 во вториот сет.

Со победата на турнирот во Рио, Ноле покажа дека е топ фаворит за престојниот турнир на Олимпијадата во Рио која започнува на 5. август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top