Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години заврши на претпоследното место во Б дивизијата на Европското првенство што се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.
Црвено-жолтите попладнево се поразени од Романија со 40:89 по четвртини 4:20, 11:18, 12:20 и 13:31 , во натпреварот за 17. место.
Со вкупно пет порази и само една победа над Албанија, избраничките на селекторот Горјан Стојановски на крајот првенството го завршија на 18. место во конкуренција на 19 репрезентации, а послаби од нашите девојки беа само кошаркарките од Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.