| четврток, 6 декември 2018 |

Загина 25 годишно момче во Прилеп

само

Tешка сообраќајна несреќа околу полноќ во Прилеп. Животот го загуби 25 годишен прилепчанец управувајќи со мотор.

Несреќата се случила на улица Самоилова. Од засега непознати причини а најверојатно за да избегне полу легнат полицаец кој е поставен за намалување на брзината поради близина на средното економско училиште и основното училиште Рампо Левката возачот на автобусот преминал на крајната лева коловозна лента од улицата и удрил во моторциклистот.

Очевидци тврдат дека ударот бил многу силен од што моторџијата се здобил со сериозни повреди во главата и брзо паднал во кома.Обидите на лекарите во општата прилепска болница да го спасат 25 годишното момче биле залудни.

Од повредите во главата тоа починало. Истрагата допрва треба да утврди како е можно возач на автобус кој нокта превезувал  туристи да се одлучи наместо да ја намали брзината и полека да мине над легнатиот полицаец решил да го избегне да премине на неговата крајна лева страна од улицата со четири коловозни ленти и да удри во мотоциклистот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top