Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ја воведе услугата „Изнајми велосипед ајде да возиме заедно“. Ќе набави вкупно 35 велосипеди кои на сите граѓани ќе им бидат на располагање за спорт и рекреација.
-Во првата фаза во употреба ќе бидат 20 велосипеди кои може да се изнајмат веднаш до службениот влез на ВИП Арената на Спортскиот центар. Услугата ќе важи од 15 април до 15 октомври, секој работен ден. Од понеделник до сабота работното време е од 7 до 22 часот, а во недела од 17 до 21 часот. Цената на изнајмувањето е 50 денари за секој започнат час, почнувајќи од моментот на изнајмувањето на велосипедот. Сакаме да ја искористиме привилегијата на благопријатната местоположба на која се наоѓаме, веднаш до кејот на Вардар каде што почнува рекреативната патека, која се протега на потегот до централното градско подрачје, а за оние кои имаат посериозни намери за рекреативен велосипедизам и до крајот на стазата во Ново Лисиче, односно општина Аеродром- изјави Златко Перински, директор на СЦ „Борис Трајковски“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.