Буџетот за 2018 година на Град Скопје е во фаза на изработка и во работните верзии се предвидуваат средства за субвенционирање на дел од трошоци за набавка на нови велосипеди, информираа од Град Скопје.
-Оваа година се доделени 10 милиони денари со кои се субвенционирани околу 2500 велосипеди, истакнаа од Градот.
Градот Скопје, како една од мерките за промоција на велосипедот како алтернативно средство за превоз, изминативе неколку години на терен го реализираше проектот за подобрување на велосипедската инфраструктура “Скопје Велоград#, со која треба да се изградат и реконструираат повеќе од 50 километри велосипедски патеки. На терен завршена е Рута еден која ги поврзува Гази Баба,Центар и Карпош, Рута 2 која ги поврзува Аеродром, Центар,Карпош и Ѓорче Петров.
Субвенционирањето на велосипеди првпат се воведе годинава и е дел од промоцијата на велосипедот како замена за автомобилот во главниот град со цел намалување на загадувањето, особено во зиме.
– Бидејќи голем процент од проектот „Скопје велоград” е реализиран, Градот Скопје одлучи да го прошири проектот преку доделување на субвенции на набавка на велосспеди. Градот Скопје на 13.05.2017 година објави јавен повик за надоместување дел од трошоците при купување велосипед, односно средствата што ги надоместува Град Скопје се во износ од 50% од цената на велосипедот, но не над 4.000 денари по лице, изјавија претходно од Градот.
До архивата на Градот Скопје годинава пристигнаа над 2.600 барања, а беа предвидени 10 милиони денари. Во најголем број граѓанитеги добиваат највисоките предвидени износи од 4.000 денари, а само мал број барања се пристигнати со помал максимален износ (значи велосипедот да има цена под 8.000 денари) и најчесто станува збор за детски велосипеди.
Конкурсот беше распишан на 13 мај и истиот траеше заклучно 20 јуни. Граѓаните што купија велосипед со субвенции велат дека биле пријатно изненадени од брзата реакција на Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов и МЖ промовираат вело-железнички јавен превоз, а Македонија останa без ниеден меѓународен воз
-
Да се избегнува движење кај Градски парк, Водно и Гази Баба – апелира Град Скопје
-
Да не беше трагично, ќе беше смешно: Град Скопје признаа дека пуштиле старо видео
-
Град Скопје четири дена ќе прска против комарци!