| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов и МЖ промовираат вело-железнички јавен превоз, а Македонија останa без ниеден меѓународен воз

Град Скопје промовира и вело – железнички превоз,  но тоа звучи убаво и модерно, а уште повеќе иронично.

Имено, само за десетина дена, поточно од 1 октомври најавено е укинување и на единствениот меѓународен воз кој поминува низ Македонија и со железница ја поврзува со Европа и со светот. Во таков момент, тоа што денеска го промовира градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, ич не изгледа европски.

Тоа што Шилегов го промовира звучи иронично: Новиот дострел на железницата во Македонија да биде превоз на велосипеди и велосипедисти од Лисиче до Ѓорче Петров! Град Скопје во соработка со Македонски железници – Транспорт, Македонски железници – Инфраструктура, здружението „Прв до врв“ и граѓанската иницијатива „На точак“ денеска ја промовира идејата за комбинирање на велосипедскиот и железничкиот сообраќај во иднина.

 

извор: денешен.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top