| четврток, 6 декември 2018 |

Акраповиќ: Ја искористивме предноста од играч повеќе, но сеуште ништо не е завршено

akrapovic

Стратегот на Шкендија, Бруно Акраповиќ, беше презадоволен по одличното издание на својот тим во второто полувреме и фантастичната предност од 2-0 по првиот дуел против Млада Болеслав. Потенцирајќи ја генијалноста на Ибраими и на Хасани, тренерот на тетовци сепак ги предупреди своите избраници дека работата не е целосно завршена, а реваншот во Чешка ќе биде исклучително тежок.

– Натпреварот беше интересен со многу шанси. Во првиот дел Млада Болеслав се снајде подобро, а се покажа дека нивниот тренер Јаролим им е најдобар играч. Во второто полувреме имавме комплетна доминација, посебно по црвениот картон на гостите. Се покажа дека квалитетот и идејата на Ибраими и Хасани секогаш ни носат голови и успех. Им честитам на момците но не очекува уште еден тежок натпревар во Чешка. Имаме предност, но не треба да се залажуваме дека ова е веќе доволно за пласман понатаму. Ниту од далеку, ќе биде многу тешко во реваншот затоа што Млада Болеслав е навистина квалитетен тим – изјави Акраповиќ на прес-конференцијата по денешниот натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top