| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството на едногодишното дете дошло од Германија за свадбата во Велес

Едногодишно дете синоќа загина пред мотелот „На Велешко“ во близина на езеро Младост на регионалниот пат Велес – Скопје.

Сообраќајната незгода се случила во 19.20 часот во која Ј.Р. (42) од Велес, управувајќи такси-возило „фијат пунто“ со велешки регистарски ознаки, удрил во едногодишното дете од Германија, кое со семејството пристигнувало на свадбена веселба во ресторанот.

Во незгодата детето се здобило со повреди и со возило на Итна медицинска помош Велес бил пренесен во Општа болница Велес, каде од страна на доктор била констатирана смрт.

По наредба на јавен обвинител над телото на починатото дете ќе се врши обдукција денеска во институтот за судска медицина во Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител, возилото е однесено на технички преглед во АМСМ Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top