Во овие денови на глобална несигурност може да направиме неклку анализи на вирулентните состојби во светот и кај нас, повеќе како еден преглед, отколку како обид да се искреираат одредени визии, кои би претендирале на веродостојност.
Зошто никој, освен господарот на вселената, не знае што ќе се случи и како ќе се случи, но можеме да претпоставуваме и шпекулираме. Конечно, затоа имаме ум, интуиција и емоции, а, со сето тоа заедно, ставено во одредена синергија, можеме и да очекуваме одредени претстави, кои ќе бидат барем блиски до идните собитија.
Но сето тоа е ѓаволски тешка работа, без оглед на сите параметри и информации, што денес релативно лесно ќе ги најдете на „мрежата“.
Сите сме сведоци на ноторната неспособност на таканаречените „експерти“, кои не само што не се во состојба да предвидат било што точно, па макар и приближно блиску до она што се случува на светската и домашната политичка сцена, туку со целата своја арогантност, бессловесно се наметнуваат на јавната сцена и гушат со своите демагогии и промашувања. Затоа, заборавете на експертите, на тие дрчни свињи, кои со своите небулози го крмат само сопственото его и не создаваат ама баш никаква општествена вредност, која ќе им биде барем малку од корист на граѓаните ширум светот.
А состојбите во кои живееме или, поточно – ги преживуваме, бараат не само точни и веродостојни толкувања, туку, уште поважно, тие бараат одредени прекогниции и претпоставки, кои ќе бидат валидни, очекувани и кои ќе ја предупредат популацијата за сите главни предизвици, кои стојат во блиската иднина, како што се заканите по животите на луѓето и безбедноста.
Во тој контекст, на точно предвидување на настаните, врз база на знаењата и искуствата на личностите што се бават со оваа деликатна работа, за современите светски и домашни експерти, кои шпекулираат без било какви основи и редовно промашуваат, нивната професионалност и егзактност, која постои само формално и без било каква содржина, повеќе упатува на една нова класа измамници, лажливци и манипулатори, кои во многу потсетуваат на лажните пророци, гатачите и шарлатаните, веќе одамна осудени и испратени во пеколен пансион, како што е веќе запишано во Новиот Завет.
Тоа повторно упатува на една стара мудрост, која вели – ништо суштинско не се менува во светот, сѐ останува исто, освен површинските и формалните измени, кои се повеќе обусловени од помодните стилови, отколку од некои суштински промени.
И кога ова ќе го сфатиме, и кога со помош на овој вистинит увид ќе видиме како стојат нештата и ќе се ослободиме од формализмот и елоквенцијата, па и од „новојазикот“ или помодарството на новокомпонираните експертски терминологии, тогаш ќе се втемелиме во еден вистински дискурс, уверувајќи се за секогаш, дека сите главни тенденции, стратегии и тактики во основа се исти уште од најдревните дни, од времето кога општествата станале доволно сложени, за да се појави политиката како доктрина, што се обидува да ги реши наизглед нерешливите проблеми, да генерира правила на игра и да го осигура поредокот на владеењето на законите, хиерархиите и мирот.
И токму во овој дел на светските хармонии и поредок, денес се случуваат колосални промени. Како прво, една голема империја, која скоро три децении доминираше со светот, еве, сега кризира и тоа по сите основи. САД веќе непогрешливо ја покажува својата катастрофичност (освен за експертите), што е од поодамна очекувана ситуација. Тоа повлекување на САД (сакале или нејќеле) ќе остави отоворени многу територии, чии жители не се во состојба да се самоуправуваат. Овој феномен на недостаток од идеи и визии кај одредени нации и популации е одамна проверен факт, така што сите овие изгубени маси луѓе, кои навикнале да бидат субмисивни кон господарот (во случајот, САД), кога тој ќе пропадне и ќе исчезне од сцената, почнуваат да се однесуваат како муви без глава. Затоа европските народи, веќе пола век робови на Америка, мака мачат да ги решат и најмалите безбедносни проблеми. Затоа грст прости, неедуцирани и глупави фанатици се во состојба да парализираат цели држави, и тоа држави со голема политичка традиција и со десетици милиони жители.
Но штом Вујко Сем ви го пиел мозокот цели 70 години (од крајот на 1945 година, па до денес), тогаш не ви останало многу сива маса за да промислите длабокоумно и трезвено за состојбите, во кои сте внесени токму под силните инсистирања на овој ваш господар, кој, патем, и ги искреирал сите тие кошмарни собитија и терористички мрежи, за и понатаму да се држите за неговите ногавици и да барате негова заштита. Да додадам, дека уште одамна господарот ги беше кастрирал сите овие сателити и трабанти негови. Тестисите сигурно нема да им пораснат во догледно време.
Исто како и на нашите мизерни идиоти, собрани околу таканаречената „Шарена револуција“, диктирана од истиот, за нив сѐ уште беспоговорен господар, за грош ил’ два.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.