Жена што сакала да го спречи својот сопруг да се качи на авион во Женева признала дека е одговорна за лажната тревога покрената под сомневање дека на аеродромот може да се случи напад, изјавија швајцарските обвинители.
– Вчеравечер една жена ги повика швајцарските царински службеници на аеродромот во Женева. Рече дека денес едно лице со бомба ќе биде во францускиот дел на аеродромот – објавија обвинителите.
Швајцарските власти утврдиле дека повикот е направен од број во Анси, Франција, на 45 километри од Женева, каде што интервенирала француската полиција.
– Ја најдоа жената, која призна дека таа го извршила повикот и објасни дека со тоа сакала да го спречи својот сопруг да отпатува – велат тие.
Против неа е покрената казнена постапка и во Франција и во Швајцарија.
Нејзиниот идентитет не е објавен.
Француската и швајцарската полиција поради ова ги засилија безбедносните мерки на аеродромот во Женева, кој се наоѓа на самата граница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.