Волуметрикс диета е вид на прехрана, предложен од нутриционистката Барбара Ролс, која со години се занимавала со истражувања на прехрамбените навики на луѓето кои претеруваат со јадење.
Претставува идеален избор за личности кои не можат да се придржуваат на ригорозни диети со мали порции на храна, и заради тоа им е тешко да ослабат.
Овој вид на диета ви овозможува чувство на ситост, а се базира врз внесување на храна со ниска енергетска густина и со најмалку калории, но во обилни количини. На овој начин, нема потреба да јадете малку, ако знаете како да ги искомбинирате состојките кои ги внесувате во својот организам.
Јадете претежно свежо овошје, зеленчук со малку скроб, домати, брокула, целер, зелка, зелена салата, житни култури, немрсно млеко и немрсно месо. Потребно е и да внесувате многу вода, од 8 до 10 чаши дневно. Мрсните состојки, како што се путер, маргарин и масло, сведете ги на минимум, нека изнесуваат најмногу 20 проценти од вашата прехрана. Кога се работи за јаглехидрати, прифатливо е да јадете ориз, салати без прелив и супи, ако не се крем. Битно е и да внесувате храна богата со протеини, бидејќи таа го намалува чувството на глад.
Протеините би требало да сочинуваат од 15 до 35% од внесените калории. Еден од најголемите недостатоци на оваа диета е тоа што храна богата со вода го поттикнува чувството на ситост, но за кратко време. Исто така, зголемувањето на внесување на влакна во вашата прехрана, може да предизвика стомачни проблеми и надуеност, па, ако и инаку имате такви тешкотии, обидете се да ги внесувате состојките богати со влакна постепено, за желудникот полесно да се навикне.
Значајните промени со овој вид на прехрана, видливи се после шест месеци, а, со тек на време, правилата на оваа диета можат да ви преминат во константна здрава навика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.