| четврток, 6 декември 2018 |

Едно од децата повредени во Кочани се уште во кома

Едно од двете девојчиња кои беа најтешко повредени во сообраќајката за Први мај кај кочанско Оризари е во стабилна здравствена состојба и се чувствува подобро, објави Здравство24, повикувајќи се на информации од КАРИЛ. Тоа уште некој ден ќе остане во центарот за интензивно лекување за да можат лекарите да ја следат соостојбата. Непроменета е ситуацијата со 14 годишното девојче кое има сериозни повреди на главата и градниот кош. Сé уште е во кома и на апарати за дишење. Успешно закрепнуваат сите останати деца хоспитализирани на клиниките за Неврологија, Пластична хирургија и за Детска хирургија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top