Албанскиот министер за енергетика и индустрија Дамијан Ѓикнури и германската амбасадорка во Албанија, Сузане Шулц денеска во Тирана потпишаа договор за финанисирање на 400 киловолтниот далновод Албанија-Македонија.
-Сега се обебезбедени сите потребни финансиски средства за изградба на овој далновод. Првиот дел се германски кредит во износ од 50 милиони евра, додека 14 милиони евра се грант од ЕУ- изјави Ѓикнури по потпишувањето на договорот.
Проектот, според Ѓикнури, опфаќа интерконективно поврзување со Македонија и изградба на две станици,во Фиер и Елбасан.
Амбасадорката Шулц изјави дека со овие финаниски средства ќе се гради првиот сегмен, за што се одобрени 30 милиони евра, додека остантите 20 милиони евра ќе бидат трансферирани по летните одмори. Интерконективната линија ЕлбасанБитола, ќе биде прво енергетско поврзување меѓу Албанија и Македонија. Изградбата е предвидено да почне во првата половина од 2017 и да заврши во 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.