„МКЦ за Скопје“ е настан со кој Младинскиот културен центар ја одбележува 53. годишнина од скопскиот катастрофален земјотрес.
– Трагичен настан кој не потсетува на солидарноста на скопјани, на солидарноста кон Скопје, на силата и сплотеноста на луѓето што го сакаат Скопје – велат од МКЦ.
На 26 јули, вторник, во МКЦ со почеток од 20 часот, ќе се одржи изложба на фотографии од Бошко Фржоп (Хрватска) „СКОПЈЕ 1963“ – Хронија на една катастрофа, а потоа следува проекција на пет кратки филма на скопските режисери Игор Иванов, Вардан Тозија, Даријан Пејовски, Ѓорче Ставрески и Марко Ѓоковиќ.
За крај на вечерта концертен настап на групите SIZ, Stuttgart Online и YÖU.
Настанот почнува во 20 часот, а влезот е бесплатен.
На изложбата на фотографии на хрватот Фржоп ќе бидат претставени фотографии што досега не се објавени во Скопје.
Фотографиите на оваа изложба ги покажуваат последиците на земјотресот низ објективот на фото-аматер, кој од првата плата во Скопје го купил фотоапаратот „Киев“ за да може низ неговиот објектив да ги следи луѓето и обновувањето на Скопје, во изградба на населбите и постепеното враќање на жителите во нормален живот. Поставката претходно е прикажана во Загреб и во Шибеник.
На проекција на петте кратки филмови ќе бидат прикажнани „Бубачки“ 15′ (Иванов), „Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава“ 15′ (Тозија), „409“ 13′ (Пејовски), „Материјал за аудиција“ 15′ (Ставрески) и „Еклер“ 27′ (Ѓоковиќ).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.