| четврток, 6 декември 2018 |

Отказ за повеќе од 100 вработени во „Туркиш ерлајнс“

Турската државна авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ отпушти повеќе од сто вработени, меѓу кои и членови на управата, во рамките на соочувањето со приврзаниците на обидот за воен удар.

Смените во „Туркиш ерлајнс“ беа извршени синоќа откако беше утврдено дека дел од вработените биле поврзани со проповедникот Фетулах Ѓулен, објавија турските медиуми.

Претставник на „Туркиш ерлајнс“ одби да ги коментира медиумски наводи.

Во одредени турски медиуми се наведува дека смените во турската авиокомпанија се поради „неефикасноста“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top