| четврток, 6 декември 2018 |

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Судан поради дојава за бомба

Патнички авион на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ принудно слета на пристаништето Хартум, во Судан, поради дојава за поставена бомба во леталото, истакна официјалниот претставник на Управата за цивилна авијација во Судан, Абдел Хафез Абдел Рахим.

Според него, авионот „Боинг 738“ во кој се наоѓале 107 патници сообраќал на релација Најроби-Каиро, кога добил дојава за експлозивна направа, поставена во авионот. Кувајтските медиуми соопштија дека потенцијалната закана ја дојавил еден од патниците во авионот.

Рахим истакна дека во моментот припадници на специјални служби го проверуваат авионот и се води истрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top