| четврток, 6 декември 2018 |

Добил отказ бидејќи доаѓал порано на работа

Еден работник од Барселона поднел тужба до Судот и побарал работодавецот да го врати на работното место од кое добил отказ, бидејќи доаѓал порано за да ја спреми продавницата за отворање.

Вредниот работник Жан П., кој 12 години работел во продавницата, доаѓал еден час порано на работа за да ја спреми за отворање. Во одлуката за отказ е образложено дека „сериозно прекршил работно правило“ бидејќи наводно ги менувал цените на производите и ги пополнувал палетите на производите.

Каталонската филијала која спаѓа во синџир на германски супермаркети има видео снимка од април, на која се гледа дека тој доаѓал во продавницата во 5 часот наутро и работел од 40 до 90 минути без да се запише дека дошол на работа. На тој начин Жан прекршил строго правило на филијалата, според кое вработените мора да бидат платени за секоја сработена минута. Отпуштениот работник бара од работодавецот да го врати назад на работа, бидејќи според него постапил неправедно.

Жан П. во тужбата образложува дека не барал други вработени порано да доаѓаат на работа, ниту дека му било кажано дека треба да добие дозвола да доаѓа порано на работа и дека доаѓал порано бидејќи со новата реорганизација, му требало повеќе време за да ја спреми продавницата пред таа да биде отворена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top