| четврток, 6 декември 2018 |

Нерешено со „коцкестите“ на последната проверка пред ЕП

makedonija u20

Во последната проверка пред настапот на ЕП (У20) во Данска, машката јуниорска репрезентација на Македонија во Умаг одигра нерешено (23-23) против селекцијата на Хрватска. Ова беше втор контролен натпревар меѓу македонската и хрватската репрезентација на подготовките во Умаг. Во првиот дуел, вчера Хрватска славеше со 23-20.

За разлика од вчерашниот прв меч во кој хрватските ракометари во поголемиот дел беа во резултатска предност, овој пат иницијативата на теренот ја имаше репрезентацијата на Македонија. По изедначената игра во првите минути, македонските ракометари во 10.минута поведоа со 5-6 и до крајот на полувремето останаа во позтива заминувајќи на одмор со предност од 13-14.

Македонските ракометни надежи имаа добар старт во второто полувреме, направија серија од 3-1 и поведоа со 14-17 (35.минута). Хрватска успеа да изедначи на осум минути пред крај (20-20), а веднаш потоа и да го преземе водството. На крај натпреварот заврши без победник 23-23.

Најефикасни во македонскиот состав беа Арсеновски и Велковски со по шест погодоци. Талески додаде четири, Палевски и Неловски постигнаа по два гола, а со по еден погодок во листата на стрелците се запишаа Кузмановски, Танкоски и Јагуриновски.

Македонската репрезентација во наредните три дена во Умаг ќе ги одработи завршните подготовки, а оттаму директно ќе патува на ЕП во Данска што ќе се одржи од 28 јули до 7 август. На Европскиот шампионат за играчи до 20 години, Македонија е во група со Норвешка, Холандија и со домаќинот Данска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top