| четврток, 6 декември 2018 |

Младите македонски ракометари поразени од Хрватска

Младата ракометна репрезнетација на Македонија е поразена од соодветната селекција на Хрватска во првиот меѓусебен контролен меч.
На натпреварот кој е дел од подготовките за Европското првенство, македонската јуниорска репрезентација загуби од Хрватска во Умаг со 23-20 полувреме 10-9.
Филип Талески со 7 постигнати голови беше прв стрелец во нашиот тим, а Мартин Велковски додаде 4 гола. По 3 голови реализираа Палевски и Нелоски, 2 Арсеновски, а во листата на стрелци со еден гол се запиша и Томислав Јагуриновски.
Утре, од 17 часот ќе биде одигран уште еден контролен натпревар, кој ќе биде и последен подготвителен за двете репрезентации пред Европското Првенство што ќе се игра во Данска од 27 јули до 8 август, на кое за противници во првата групна фаза покрај домаќинот Данска, ќе ги имаат и селекциите на Норвешка и Холандија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top